Утрински Весник
Македонија

(Видео) Груби се пожали дека и покрај зголемувањето има најмала плата, Бектеши неќеше да каже колку земал оти не бил на училиште

(Видео) Груби се пожали дека и покрај зголемувањето има најмала плата, Бектеши неќеше да каже колку земал оти не бил на училиште

Вицепремиерот Артан Груби се пожали дека и покрај почачувањето и натаму има ниска плата. Новинарите инсистираа, но тој не ја кажа сумата иако според пресметките таа изнесува 125 илјади денари. Посочи дека одлуката на Уставен суд е во ред.

dobivaj vesti na viber

„Најмалата плата е на вицепремиерот, а е многу помала од моето претходно работно место, но е согласно законот. Добро е што Уставниот суд не донесе ретроактивна одлука. Од 2011 година е замрзнат коефициентот. По однос на платите нема ништо незаконски. Добро е што Уставниот суд не донесе одлука да важи ретроактивно, што ќе значи дополнителни 12 години“, рече Груби.

На инсистирање од новинарите сите присутни на прес-конференцијата да ја кажат платата, имаше реакција од Бектеши.

„Не сме на школо да ти кажеме сите, ќе се обратиш на Влада и ќе ти кажат“, рече Крешник Бектеши.

Бесими единствено што кажа е дека 1.600 функционери ќе имаат покачени плати. Функционерите добија повисоки плати за околу 1.000 евра.

„Се работи за 1.600 функционери. Законот опфаќа судии, обвинители, градоначалници, директори. Многу широк опфат“, рече Бесими.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег