Утрински Весник
Свет

(Видео) Голема измама на романските лекари: Ваделе пејсмејкери од починати лица и ги вградувале во пациенти

(Видео) Голема измама на романските лекари: Ваделе пејсмејкери од починати лица и ги вградувале во пациенти

Полицијата во Романија води истрага и приведува лекари кои се осомничени дека со години на пациенти им вградувале пејсмејкери извадени од телата на починатите и ги наплаќаат како да се нови пејсмејкери.

dobivaj vesti na viber

Обвинителството соопшти дека еден од лекарите со оваа пракса започнал уште во 2017 година, а за пет години извршил неколку операции и поставил повеќе од 200 пејсмејкери, кои претходно биле користени. Извор од истрагата за романските медиуми изјавил дека постои сомнеж оти лекарите на одредени пациенти им давале лекови кои би ја влошиле нивната здравствена состојба, па на крајот морале да им вградат пејсмејкер.

Се верува дека околу 170 луѓе добиле пејсмејкер „половен“, а двајца пациенти починале. Лекарите за овој потфат зеле големи суми пари и се обвинети за поткуп, измама, фалсификување и несовесно работење. Медиумите јавуваат дека еден од осомничените лекари со парите што ги добил како поткуп успеал да изгради викендица на брегот на езерото.

Покрај болниците и приватните ординации, полицијата извршила претрес и во домовите на осомничените, а во таа прилика била одземена поголема сума пари. Инспекторите се обидуваат да откријат како точно се спроведувал планот на лекарите кои свесно ги загрозиле животите на бројните пациенти. Наводно, пациентите кои дошле на лекување кај осомничените уште поболни ги напуштале ординациите.

Се сомнева дека осомничените лекари на своите пациенти им препишувале лекови кои би ја влошиле нивната здравствена состојба. Тоа се лекови кои ја забавуваат работата на срцето.

Можете да прочитате

Папата Лав XIV ги повикува различните заедници во Либан на обединување за да ја надминат кризата

Белгиската полиција изврши претрес во ЕЕАС во рамки на истрага за злоупотреба на средства

Приведени 15 лица под сомнение за убиство од небрежност во пожарот во Хонг Конг, соопшти полицијата