Утрински Весник
Свет

(Видео) Голем пожар во затвор со над илјада затвореници во Тексас

(Видео) Голем пожар во затвор со над илјада затвореници во Тексас
Dik 300x250 mk

Голем пожар утринава избувна во затвор во американската држава Тексас, поради што се евакуирани повеќе од 650 затвореници.

dobivaj vesti na viber

Затворските власти наведуваат дека во огнената стихија нема повредени.

„Затворениците се преместени во други делови од затворот во Хантсвил, на околу 105 километри северно од Хјустон“, изјави Аманда Хернандез, портпаролка на Одделот за извршување кривични санкции во Тексас.

Соопштено е дека пожарот ги зафатил поткровјето и третиот кат од управната зграда и поткровјето на одделението во кое се сместени затворениците.

„Пожарот беше локализиран во текот на утрото, но пожарникарите сè уште гаснат мали жаришта во некои простории. Причината за пожарот ќе биде истражена откако тој ќе биде целосно изгаснат“ – вели шефот на противпожарната служба на Хантсвил.

Затворот Хантсвил е изграден во 1849 година и има капацитет за 1.700 затвореници, додека во моментов казната ја отслужуваат околу 1.600 лица.

Во затворот се извршуваат и смртни казни на осудени затвореници.

Можете да прочитате

Најмалку 20 загинати во пожар во автобус во Индија

Обединетите нации одбележуваат осум децении постоење

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната