Утрински Весник
Свет

(Видео) Ги отстранувале урнатините во Турција и слушнале звуци: Животни извлечени живи 26 дена по земјотресот

(Видео) Ги отстранувале  урнатините во Турција и слушнале звуци: Животни извлечени живи 26 дена по земјотресот

Две кози се извлечени живи од урнатините 637 часа по разорните земјотреси во градот Нурхак, во турската провинција Кахраманмарас, јавува „Anadolu Agency“.

dobivaj vesti na viber

Работниците кои ги отстранувале остатоците од урнатините во селото Алчичек во еден момент слушнале звуци на животни, а потоа од под урнатините живи извлекле две кози кои биле затрупани таму повеќе од 26 дена, соопшти локалниот гувернер.

По интервенција на ветеринарот, на козите им била дадена вода и храна, а локалните власти се погрижиле за нив бидејќи нивните сопственици биле надвор од градот, соопшти агенцијата.

Исто така, во турскиот град Хатај, кој беше еден од најтешко погодените од двата разорни земјотреси на 6 февруари, беше извлечено куче 25 дена по земјотресот.

Како што утврдиле, кучето успеало да најде храна под урнатините, каде било затворено и на тој начин успеало да преживее.

Можете да прочитате

Спречен заговор за убиство на Орбан

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа