Утрински Весник
Македонија

(Видео) Г.г. Стефан за жените: Не сакаат лажни права и еднаквост, во црквата ја живеат вистинската слобода

(Видео) Г.г. Стефан за жените: Не сакаат лажни права и еднаквост, во црквата ја живеат вистинската слобода

Жените не сакаат лажни права и еднаквост со мажите, посочи Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на денешниот протестен собир. Тој смета дека светот го окупира идеолошка пропаганда. Г.г. Стефан ја искритикува и Истанбулската конвенција, со која посочи дека се повредува жената, наместо да се заштити.

dobivaj vesti na viber

„Црквата стои со свештен трепет пред жената. Таа не само што не е немоќна, туку таа го држи оној што ја одржува во постоење сета вселена, семоќниот Бог. Велат дека ќе ја ослободат жената од стегите на црквата, а во реалност ја сведуваат на поткатегорија, изедначувајќи ја со мажи кои никогаш нема да бидат жени во вистинска смисла на зборот. На тој начин му даваат легитимитет на насилството врз жената. Жените во Македонија верувам дека не сакаат таква лажна еднаквост и такви лажни права и не сакаат да бидат ослободувани од црквата бидејќи од таму ја живеат вистинската слобода. Во мајката црква гледаат сигурно засолниште од овој заразен бунт против поредокот востановен од Создателот. Впрочем голем дел од жените и сега сте тука, дојдени од сите краеви на Македонија за да посведочите дека не го сакате ропството кое некој го нарекува слобода – ниту за себе, ниту за своите деца“, кажа тој.

Се осврна и на поимот „род“, кој кажа дека во намерите на родовите теоретичари не носи ништо добро за светот. Тука сме за да ја кажеме вистината, посочи г.г. Стефан.

„Светот го окупира и покорува една нова идеолошка пропаганда на која еве и овде ѝ го гледаме вистинското лице. Ни се подметнува поимот ‘род’, кој е свесно избран, кој во нашето сфаќање има убав контекст, но во намерите на родовите теоретирачи тој не носи ништо добро. Вистината, секогаш ослободува. Таа никогаш не покорува и заплашува. Вистината нема потреба да граби за морална супериорност искористувајќи ги жената и децата за да биде прифатена како што тоа го прават некои современи конвенции, како Истанбулската, кои под плаштот на заштита на жената, сакаат да ни подметнат нешта кои ќе ја загрозат и повредат токму жената која е столб на семејството, а со тоа и столб на општеството“, кажа г.г. Стефан.

Можете да прочитате

Полициска акција во зградата на МВР, се одзема документација

Приведен екс директорот на СОЗР – се вршат претреси во неговиот дом?

Неточна е тезата дека сообраќајката немало да се случи ако Васил добил затворска казна, смета Калајџиев