Утрински Весник
Македонија

(Видео) Функционерите во хотел, фракционерите под шатор на дожд – две роденденски прослави на ДУИ

(Видео) Функционерите во хотел, фракционерите под шатор на дожд – две роденденски прослави на ДУИ

Додека функционерите за роденденот на ДУИ се собраа во хотелот „Александар палас“ во Скопје на дебатата „Европски фронт“, фракционерите се криеја под шатор оти врнеше, а на централниот настан организиран од Ахмети, не биле поканети.

dobivaj vesti na viber

На прославата на фракцијата во Тетово присуствуваа претседателот на надзорниот одбор на ДУИ, Муса Џафери, ексградоначалникот на Чаир и еден од предводниците на „Огнената група“, Изет Меџити, како и актуелниот градоначалник на Сарај, Блерим Беџети.

Саранда Имери, претставничка на фракцијата на ДУИ кажа дека тие сметаат оти изборите во сите ограноци што сега ќе се одржат не се легитимни и се антистатутарни.

„Ние пак го креваме гласот дека време е одредницата 20 отсто за албанскиот јазик да се промени во Уставот затоа што не сакаме уште еднаш Уставот да се отвори и да се отворат вакви прашања“, рече Саранда Имери.

„Огнените“ порачаа дека ја продолжуваат борбата внатре во партијата со демократски методи и демантираат дека ќе формираат нова партија. Испратија порака дека не прават паралелна прослава за роденденот, туку, како што велат, во партијата има доволно простор за да дејствуваат со своите политички ставови.

Можете да прочитате

ОД ОВОЈ ПЕТОК НИ ДОАЃА ЛАДНИОТ ЦИКЛОН: Ќе ни донесе многу дожд, снег и голема снежна покривка!

Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти