Утрински Весник
Спорт

ВИДЕО: Фудбалер на Њукасл ја изведе акцијата на сезоната во Премиер лигата

ВИДЕО: Фудбалер на Њукасл ја изведе акцијата на сезоната во Премиер лигата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Александар Исак минатото лето стана најскапото засилување во историјата на Њукасл. Новите сопственици од Саудиска Арабија го купија шведскиот напаѓач од Реал Сосиедад за 70 милиони евра. Исак се снајде одлично во Англија, на 23 настапи постигна 11 гола, а статистиката сигурно ќе беше уште подобра доколку не паузираше три и пол месеци поради повреда на бутниот мускул.

dobivaj vesti na viber

Но, во 33. коло беше подготвен за чудесна велемајсторија. Против Евертон влезе во игра во 74. минута и само седум минути подоцна ја изведе акцијата на сезоната во една од најсилните лиги. Тој ја прими топката крај аут линијата во противничкото поле, а потоа започна неверојатен танц низ теренот. Попатно нанижа повеќе од половина играчи на Евертон, некои и по двапати.

По грациозниот дриблинг покрај бројните ривали, тој влезе во шеснаесетникот од левата страна покрај гол-линијата и ја испрати топката од мртов агол пред голот за Џејкоб Марфи, кој лесно постигна гол со оваа совршена асистенција.

Акцијата можеби најдобро ја опиша „Марка“.

„Исак беше Марадона, Златан и Бензема во едно“.

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер