
Граѓаните и денеска масовно се упатија на излетничките места ширум Скопје за да го одбележат 1ви Мај, меѓународниот ден на трудот.

Паркот Сарај е едно од десеттината познати излетнички места во Скопје.
По неколку години „замреност“ ова познато место во последните седум – осум години стана вистински хит за граѓаните кои живеат во овој дел од Скопје.
Така беше и денес, паркинзите и улиците околу рекреативниот центар беа претесни да ги примат посетителите „вооружени“ со скара, ќумур, ќебиња, храна и пијалоци, како и различни реквизити за занимација.

Некој со цело семејство, некој со дружтво, некои во пар, некој со камперска опрема, а некој само на прошетка, сепак илјадиници граѓани од најразлична возраст денеска Први Мај го слават во излет во Сарај.

До овој момент времето е сончево и стабилно, па за очекување е дека паркот ќе биде преполни се до заоѓање на сонцето кога ќе дојде и времето за подготовка за утрешниот работен ден.