Утрински Весник
Свет

(Видео) „Ферари“ од 250.000 фунти удри во дрво во Донкастер, возачот загина

(Видео) „Ферари“ од 250.000 фунти удри во дрво во Донкастер, возачот загина

Маж на возраст од 30 години загина откако удри со своето „Ферари“ во дрво.

dobivaj vesti na viber

Автомобилот вреден 250.000 фунти вчера излетал од А630 во Армторп, во близина на Донкастер, Велика Британија и директно удрил во дрво, пишуваат британските медиуми.

https://www.youtube.com/watch?v=-qEGXsDif1w

Полицијата во Јужен Јоркшир излегла на местото на настанот, пришто утврдила дека возачот загинал на лице место.

Се апелира сведоците на страшната сообраќајка да контактираат со полицијата доколку имаат некаква информација.

„Ферарито“ беше отстрането од местото на несреќата.

Можете да прочитате

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците

Францускиот претседател со децидна порака од Давос: Европа нема да дозволи да биде потчинета