Утрински Весник
Спорт

(Видео) Евертон направи чудо – со 1:5 го декласираше Брајтон!

(Видео) Евертон направи чудо – со 1:5 го декласираше Брајтон!

Евертон направи голем чекор кон обезбедување опстанок во Премиерлигата, откако стигнаа до зачудувачка 1:5 победа над Брајтон, тимот на Роберто де Ѕерби кој се бори за место во европските натпреварувања. Со трите поени, тимот на Шон Дајч излегува од зоната за испаѓање.

dobivaj vesti na viber

Абулаје Дукуре по само 34 секунди игра ги донесе „карамелите“ во водство, за истиот фудбалер во 29. минута да зголеми на 2:0. Во 35. минута, Џејсон Стил си постигна автогол за 0:3, а кога Двајт Мекнил во 76. минута од мечот зголеми на 0:4, голем број од навивачите на Брајтон почнаа да си заминуваат од стадионот.

Во 80. минута, Брајтон успеа да постигне гол по невидениот карамбол пред голот на Џордан Пикфорд, кога топката го закачи Алексис Мекалистер за 1:4, пред во 96. минута, Мекнил да постигне уште еден гол за конечни 1:5.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина