Последната во серијата разорни бури, во кои загинаа најмалку 12 луѓе, вчера ја погоди Калифорнија, принудувајќи евакуација на околу 25.000 луѓе, вклучувајќи го и целиот град Монтесито и блиските крајбрежни области на Санта Барбара, поради зголемениот ризик од поплави и лизгање на земјиштето, пренесува „Ројтерс“.
Шерифот на округот Санта Барбара, Бил Браун, рече дека наредбата за евакуација се заснова на постојано обилни врнежи, без индикации дека тие се менуваат пред вечерта.
Шефот на пожарникарите во Монтесито, Кевин Тејлор, изјави дека за само 12 часа паднале најмалку 8 инчи дожд, што е значително повеќе од очекуваното.
Montecito creek is raging but holding on. Video from @JohnPalminteri #storm pic.twitter.com/V4Ny1jgJ25
— Alys Martinez (@AlysMartinezTV) January 9, 2023
Речиси 9.000 жители на Монтесито, од кои многумина поседуваат раскошни вили во живописниот град, вклучуваат познати личности како водителката Опра Винфри и британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган, објави „Ројтерс“.
If you do not have to drive, don’t! Please see SBC channel 20 for important info. See https://t.co/CDmCEkPncQ for emergency alerts, shelter in place/evacuation orders, info line, interactive map, and shelters. The rain is not over! Pay attention to alerts and social media. pic.twitter.com/x86gLxRKMO
— Scott Safechuck (@SBCFireInfo) January 10, 2023
По должината на брегот, издадени се наредби за евакуација на околу 32.000 луѓе во округот Санта Круз поради надојдените реки и потоци.
Голем дел од Калифорнија е погоден од серија силно невреме со многу силен дожд, силен ветер и налети.
Boy swept away, Montecito evacuated in California storms https://t.co/A9Vo4FmAES
— KOAT.com (@koat7news) January 10, 2023
Американскиот претседател Џозеф Бајден го одобри прогласувањето на вонредна состојба во Калифорнија по невремето во кое загинаа најмалку 12 лица во изминатите 10 дена, а стотици илјади домови и бизниси оставија без струја.