Европската комисија вчера идентификува 19 онлајн-платформи и пребарувачи кои во иднина ќе мора да ги почитуваат нејзините досега најригорозни правила за дигитални услуги, пренесува „Еурактив“.
Тие ќе мора да ги почитуваат новите правила за модерирање на содржината во однос на т.н. говор на омраза и ширење дезинформации.
Според неодамна усвоениот Закон за дигиталните услуги (DSA) на Европската Унија – што блокот го опиша како обезбедување „досега невидено ниво на јавен надзор“ на интернет – ЕК по 25 август ќе стави платформите и пребарувачите, кои имаат повеќе од 45 милиони корисници во ЕУ, под најстрого ниво на цензура.
Се смета дека овие дигитални платформи се системски релевантни и имаат особена одговорност општеството да го направи интернетот безбеден. Затоа ЕУ воведува посилни заштитни мерки за овие онлајн-играчи во однос на управувањето со ризикот, транспарентноста, модерирање на содржината и заштитата на децата.
Најавувајќи ја мерката, европскиот комесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон, кој е движечката сила зад овој закон, рече:
„Со големата присутност доаѓа и голема одговорност. Тие не ќе може да се однесуваат како да се премногу големи за да се грижат“.
With great scale comes great responsibility 🇪🇺
Extra #DSA obligations as of 25 August for:
AliExpress
Amazon Store
AppStore
Bing
Booking
Google Maps
Google Play
Google Search
Google Shopping
Snapchat
TikTok
Wikipedia
YouTube
Zalando pic.twitter.com/CVmDuzkKe9— Thierry Breton (@ThierryBreton) April 25, 2023
ЕК досега ги идентификува Alibaba AliExpress, Amazon Store, Apple AppStore, Bing, Booking.com, Facebook, Google Play, Google Maps, Google Search, Google Shopping, Instagram, LinkedIn, Pinterest, Snapchat, TikTok, Twitter, Wikipedia, YouTube, и Zalando, како платформи на кои им треба построго „модерирање на содржината“.
Оние што нема да се усогласат со Законот за дигиталните услуги до февруари 2024 година ќе се соочат со казни од ЕУ до шест отсто од нивниот глобален приход, како и со потенцијална забрана целосна забрана во Европа.
Бретон претходно го предупреди новиот сопственик на „Твитер“, Илон Маск, дека платформата ризикува забрана во ЕУ ако не ја врати компанијата на принципите на слобода на говорот.
Иако законот тврди дека се обидува да ја заштити слободата на говорот, самиот Бретон претходно ги поддржуваше големите технолошки фирми да ја преземат цензурата во свои раце навидум изразувајќи поддршка за одлуката на „Твитер“ во 2021 година да го блокира тогашниот американски претседател Доналд Трамп велејќи дека технолошките компании „ја препознале својата одговорност, но и должност и средства за спречување ширење незаконски, вирални содржини“.
Вчерашната најава е најновиот предизвик со кој се соочува „Твитер“ откако претходно месецот Обвинителството во Берлин отвори правна постапка против платформата поради непочитување на наредбите да се отстранат незаконските содржини, како што се говор на омраза и навреди. Ако ја изгуби парницата, „Твитер“ се соочува со казна до 50 милиони евра.