Утрински Весник
Спорт

(Видео) Ембид не се појави на дуел со Јокиќ, Денвер ја победи Филаделфија

218584 Embid Pak Ne Igrashe Protiv Jokikj Denver Ja Pobedi Filadelfija Video.jpg

Во кошаркарската НБА лига се одиграа десет натпревари. Актуелниот првак Денвер на домашен терен ја совлада Филаделфија (111:105) која настапи без Џоел Ембид. Центарот на „76“ повторно пропушти директна пресметка против Јокиќ во Колорадо. Ембид нема настапено во Денвер од 2019 година. Никола Јокиќ го предводеше Денвер до победа со 26 поени, 16 скока и 7 асистенции. Кај поразените Пол Рид постигна 30 поени.

Интересен натпревар одиграа Голден стејт и ЛА лејкерс, во кој ветеранот Леброн Џејмс стигна до третиот трипл-дабл сезонава, а вкупно 110-ти во кариерата. Лејкерс победи (145:144) по две продолженија.

Џејмс заврши со 36 поени, рекордни во кариерата 20 скока и 12 асистенции. Леброн беше најдобар кога беше најпотребно, па дури 12 поени постигна во продолженијата. Стеф Кари беше предводник на Голден стејт со 46 поени, од кои постигна дури девет тројки. Последната тројка што ја даде Кари беше на пет секунди до крајот за водство од 144:143, но Лејкерс и реализираа во последниот напад и тоа благодарение на двете слободни фрлања на Леброн.

Резултати: Денвер – Филаделфија 111:105, Бруклин – Хјустон 106:104, Бостон – ЛА клиперс 96:115, Шарлот – Јута 122:134, Милвоки – Њу Орлеанс 141:117, Сан Антонио – Минесота 113:112, Далас – Сакраменто 115:120, Детроит – Вашингтон 104-118, Њујорк – Мајами 125-109, Голден стејт – ЛА лејкерс 144:145.

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот