Фронтменот на легендарниот британски бенд „Фејтлес“, Максвел Фрејзер, попознат како Макси Џез, кој почина на 66-годишна возраст, еднаш откри дека бендот морал да го смени текстот на нивниот најголем хит „Инсомнија“ на барање на Ем-ти-ви.
„Првиот стих: ‘Deep in the bosom of the gentle night’ (длабоко во градите на нежната ноќ), не е мое цитирање на Дилан Томас. Тоа ни беше наметнато од Ем-ти-ви затоа што мислеа дека оригиналниот прв ред е: ‘I only smoke weed when I need to‘ (пушам трева само кога треба) е премногу сликовит“, изјави тој за „Гардијан“ во една прилика.
„Расправии имаше и за текстот: водење луда љубов со моето девојче… кинејќи хулахопки со заби… но успеаја да останат“, додаде музичарот. Треба да се напомене дека иако радио верзијата е снимена со изменет текст, постои подолга верзија на песната која започнува со оригиналниот текст за пушење марихуана.
„Текстот е од лично искуство. Не патев од несоница, само имав апсцес на забот. Беше толку болно што ме држеше буден.“ Текстот за тоа како нема струја и посегнува по молив во мрак, исто така, се од реалниот живот. „Често снемуваше струја, па пишував на свеќи“, го објасни Џез текстот на познатата песна.