Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Експлодирале моторите на ракетата на Безос, по полетувањето таа неочекувано паднала на земја

(Видео) Експлодирале моторите на ракетата на Безос, по полетувањето таа неочекувано паднала на земја
300x250 opst2

Товарната капсула на компанијата на Безос „Блу Ориџин“, која требаше да ја достигне границата на земјината атмосфера, неочекувано се одвои од ракетата веднаш по полетувањето од Тексас, пренесоа агенциите.

dobivaj vesti na viber

Ракетата се урна на Земјата веднаш по полетувањето но капсулата што ги носеше експериментите успеа со падобран да слета на безбедно, објави АП.

Во капсулата која се наоѓала на врвот на суборбиталната ракета „Њу Шепард“ немало патници, објави Ројтерс.

Една минута по полетувањето, на околу осум километри над земјата, се виде дека моторите се запалиле и дека моторниот систем на капсулата бил активиран, што го оттурнало леталото од ракетата пред да се врати на земја неоштетено со падобран.

„Блу Ориџин“ на Твитер објави дека го разгледуваат проблемот што се случил во нивниот објект во Западен Тексас, велејќи дека системот за одвојување на капсулите „функционирал онака како што се очекувало“.

Станува збор за 23. лет во суборбиталниот простор на ракетата „Њу Шепард“ во сопственост на вселенската компанија „Блу Ориџин“, која ја основа милијардерот и сопственик на „Амазон“ Безос.

Ракетата „Њу Шепард“ е дизајнирана како вселенско летало за повеќекратна употреба, а нејзината главна цел е суборбитален вселенски туризам.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа