Утрински Весник
Магазин

(Видео) Ед Ширан победи во битката за авторски права на Thinking Out Loud

(Видео) Ед Ширан победи во битката за авторски права на Thinking Out Loud

Ед Ширан не ја плагирал песната Let’s Get It On на Марвин Геј кога ја компонирал Thinking Out Loud, пресуди американскиот суд.

dobivaj vesti na viber

Британскиот кантавтор негираше дека украл елементи од песната на Геј за својот мегахит од 2014 година.

Наследниците на коавторот на песната на Геј тврдеа дека Ширан, „Ворнер мјузик груп“ и „Сони мјузик паблишинг“ им должат пари за кршување на авторските права.

Ширан, наводно, на судењето во Њујорк изјавил дека доколку биде прогласен за виновен, ќе се откаже од својата музичка кариера.

„Ако тоа се случи, јас завршувам, ќе престанам“, рече тој на прашањето како влијае судењето на него и како се чувствува, пренесува Би-би-си.

Во текот на граѓанската парница во федералниот суд на Менхетен, Ширан пееше и свиреше делови од Thinking Out Loud на гитара.

Тој рече дека ја напишал песната дома во Англија со неговата пријателка Ејми Веџ и дека бил инспириран од своите баба и дедо, и од нова романтична врска која штотуку ја започнал.

Адвокатката на Ширан, Елин Фаркас им кажа на поротниците дека сличностите во прогресијата на акордите и ритмите на двете песни се букви од азбуката на музиката.

„Тоа се основни музички градбени блокови кои текстописците сега и засекогаш мора слободно да ги користат, или сите ние кои ја сакаме музиката ќе бидеме посиромашни,“ рече таа.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста