Утрински Весник
Магазин

(Видео) Џејсон Момоа на гости кај Џими Кимел се разголи и го покажа задникот

(Видео) Џејсон Момоа на гости кај Џими Кимел се разголи и го покажа задникот

Џејсон Момоа приреди големо изненадување за гледачите на „Џими Кимел лајв“ во средата вечерта.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездата на „Аквамен“ (43) пристигна во студиото облечен во виолетови сатенски пижами и розово кадифено палто со сјајни украси, односно во својот костим за филмот Slumberland на „Нетфликс“.

Но набрзо се соблече и се појави пред јавноста во традиционален хавајски стил.

Спонтаниот стриптиз беше одговор на возбудата предизвикана од видеото за риболов што тој го објави на социјалните мрежи, Овој потег ги вчудовиди фановите, па дури и самиот водител на емисијата.

„Правам шоу. Јас сум писател, режисер и продуцент на серијата Chef of War на ‘Епл’, чие дејствие е сместено во 80-тите и 90-тите на Хаваите. Ова е она што го носам секој ден. Само што се подготвував за улогата и сакав да се претопам со улогата, па го изложив мојот бел задник на сонце“, рече Џејсон, коментирајќи го риболовното патување.

Актерот призна дека почнал да се одвикнува од облека.

„Всушност, повеќе не сакам да носам облека. Оваа наметка ја носам секој ден. Ја носам цело време“, рече актерот, по што на сите гости во студиото им покажа дека ја кажува вистината.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста