Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ќе има жешка есен, со протести на здравството и полицијата, најавија Независниот синдикат на здравство и Независниот синдикат на Геријатрија

(Видео) Ќе има жешка есен, со протести на здравството и полицијата, најавија Независниот синдикат на здравство и Независниот синдикат на Геријатрија

На состанокот се реши дека има голем број на аномалии во колективниот договор со здравствените работници, со здравствениот административен персонал, со техничкиот персонал. Потребно е тие аномалии да се решат постепено, кажа Боби Бојчевски од Независниот синдикат на здравство по средбата со министерот за информатичко општество и администрација.

dobivaj vesti na viber

Ние сме усогласени за понатамошните постапки што ни ги нагласија во МИОА, каде да се движиме и како да го решиме овој проблем, кажа тој.

„Здравствените работници се донесени до маргините. Нето плата на еден вработен возач во Итна медицинска помош, е од 22 500 до 23 400 денари. Како може тој вработен да го преживее денот, да го преживее месецот. Ние како независен синдикат ќе се бориме за оваа категорија на луѓе. Да се решат оние аномалии од прва до четврта работна група според работни односи. Првата група има поголема плата од четвртата група“, изјави Боби Бојчевски од Независниот синдикат на здравство.

Тој повика сите институции да се позанимаваат со здравството и со здравствените работници.

– Подобро е да го гаснеме оганот додека жари, а не кога ќе се направи пожар. Здравствените работници не можат да го преживеат денот и месецот, додаде тој.

Бојчевски најави протест во септември ако не се решат проблемите.

„Ако не се решат овие работи во септември ќе има протест и ќе бараме 30 посто покачување на платата на овие работници. Во септември ќе има масовни протести поддржани од сите синдикати и од сите здравствени работници, од хигиеничар до доктор“, изјави Бојчевски.

Со зголемување на минималната плата, тој кажа дека дека здравствената администрација и техничкиот персонал со ова немаат никакво покачување на платата.

Бојчевски вели дека само тие што земале под минималната плата, само на нив им се зголемиле примањата.

„На оваа средба успеавме да разграничиме некои работи. Негователите и болничарите се водат како помошен технички персонал, а треба да се водат како здравствени работници. Ако се водат како здравствени работници нема да бидат во категорија на минималец“, изјави Лазо Костовски, од Независниот синдикат на Геријатрија.

Негователите и болничарите досега беа понижени и маргинализирани. Останува на работодавачите дали ова од денешната средба ќе го прифатат или да продолжат како досега, да не ги признаваат како здравствени работници, додаде тој.

За септември, Костовски најави жешка есен со масовни протести доколку не се решат проблемите. Тој додаде дека и полицијата не е задоволна со платите.

Можете да прочитате

Палевски преку снимки докажува дека тројца, а не четворица го грабнале Панче Жежовски

Акција пред ОЈО – Повик до сите граѓани утре да се придружат на „Маршот за ангелите“ во Кочани

Независниот синдикат на полицијата бара разрешување на Трипуновски