Утрински Весник
Свет

(Видео) Драма во Лондон пред крунисувањето на Чарлс: Експлозија одекна кај Бакингемската палата

(Видео) Драма во Лондон пред крунисувањето на Чарлс: Експлозија одекна кај Бакингемската палата

Контролирана експлозија се случила пред Бакингемската палата, а еден маж е уапсен откако фрлил патрони од сачмарка во дворот на палатата, соопшти полицијата, а пренесува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Откако полицијата го приведе напаѓачот околу 19 часот кога се приближи до портите на палатата, беше поставен кордон. Уапсен е поради поседување оружје, пренесува „Скотланд Јард“.

Новинарот Ден Вутон на Твитер објави дека кралот Чарлс бил во палатата во тоа време.

За потсетување, крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети ќе се одржи во сабота, на 6 мај, неколку месеци откако Чарлс го наследи тронот по период на национална жалост за претходниот монарх и интензивни подготовки за раскошната церемонија на устоличување.

Можете да прочитате

Потребни се посилни механизми против назадувањето на новите членки на ЕУ

Сибиха: Кина може да има важна улога во завршувањето на четиригодишната војна со Русија

Рубио и Мерц разговараа за глобалните предизвици, војната во Украина и зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа