Утрински Весник
Спорт

(Видео) Денвер шампион, Јокиќ МВП

(Видео) Денвер шампион, Јокиќ МВП

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја освоија првата НБА титула во историјата на франшизата. Нагетс финалната серија против Мајами Хит ја добија со 4:1. Во петтиот меч, Денвер победија со 94:89. МВП на финалната серија е Никола Јокиќ.

dobivaj vesti na viber

Јокиќ и во овој натпревар го предводеше својот тим со 28 поени, 16 скока и четири асистенции. Херои на Нагетс се Кентавијус Калдвел Поуп и Брус Браун.

Поуп постигна 14, а Браун 10 поени. Двоцифрени кај Денвер беа и Портер јуниор со 16, односно Џамал Мареј со 14 поени.

Мајами го предводеа Џими Батлер со 22 и Бем Адебајо со 20 поен и 12 скока.

Можете да прочитате

ПМФЛ: Дербито во Кратово за Шкендија

ЗОИ2026: Прво злато за американските хокеари по пауза од 46 години

Последен ден на ЗОИ 2026, Норвешка најуспешна нација