Утрински Весник
Свет

(Видео) Демонстранти упаднаа во седиштето на Луј Витон во Париз, се чека клучна одлука за пензиите

(Видео) Демонстранти упаднаа во седиштето на Луј Витон во Париз, се чека клучна одлука за пензиите
Dik 300x250 mk

Демонстранти денеска упаднаа во седиштето на луксузниот моден бренд Луј Витон во Париз пред очекуваната пресуда за контроверзните пензиски реформи во Франција. Тие бараат француската влада да се откаже од планираните пензиски реформи и наместо тоа повеќе да ги оданочува богатите.

dobivaj vesti na viber

Десетици демонстранти мавтајќи со знамиња и факели упаднаа во просториите на Луј Витон на авенијата Монтењ бр. 22 во четвртокот наутро – 12-тиот ден од протестите низ целата земја од почетокот на штрајковите, објави „Скај њуз“.

„Барате пари за да ги финансирате пензиите? Земете го од џебовите на милијардерите“, рече активистот на синдикатот Суд Раила, Фабиен Виледје во седиштето на LVMH исполнето со црвен чад.

Демонстрантите потоа мирно си заминаа.

Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците на француската престолнина, а некои се судрија со полицијата.

Демонстрации се одржуваат во градовите ширум земјата – вклучувајќи го и Рен, каде што сликите покажуваат запален Мерцедес – во најновата манифестација на гнев поради предложените промени во пензиите.

Синдикатите повикаа на демонстрации на улиците на Франција, еден ден пред одлуката на Уставниот суд за законитоста на законот за пензиски реформи, кој предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Доколку Уставниот суд го одобри законот што владата го донесе со декрет за да го избегне парламентот, бидејќи има сигурно мнозинство, тој ќе може да стапи на сила.

Демонстрантите, сепак, најавија дека ќе продолжат да се борат дури и ако законот добие зелено светло, додавајќи дека сакаат да организираат референдум за ова прашање или да го вратат законот на одлука во Собранието.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците