Македонскиот пејач кој својата музичка кариера успешно ја гради во Франција, Даниел Тренчовски – Дани Лајв, неодамна објави нова песна „Нема те“ која веќе достигна одлична гледаност на неговиот You Tube канал.
Музиката и текстот на песната „Нема те“ е на Михаило Јововиќ Баја, а аранжманот е на Дејан Савиќ.
Како пратечки вокали во песната се: Јована Ѓорѓевиќ, Ивана Савиќ, Дејан Савиќ Киде.
Македонецот Даниел Тренчовски е исклучителен музичар со прекрасен глас, кој на публиката и нуди богат репертоар на песни од традиционални до народни и забавни. Полека но сигурно, Даниел постанува еден од омилените млади музички таленти на Балканот и пошироко.
Погледнете го видеото: