Двократниот последователен шампион на најголемата велосипедска трка во светот, Тур д’Франс, Јонас Вингегор пристигна во својата земја каде му беше приреден спектакуларен пречек.
На неодамна завршената Тур д’Франс, Вингегор ја победи конкуренцијата и ја одбрани титулата освоена минатата година и со тоа, што е многу значајно, го додаде своето име на листата на великани на овој спорт.
Неговите сонародници му приредија уште еден незаборавен пречек, исто како и минатата година, кога ја разгали нацијата со триумф во Франција.
Сега хистеријата кај народот само се засили за што сведочат видеата од пречекот на спортскиот херој на нацијата.
Илјадници луѓе се собраа на главниот градски плоштад, пред градското собрание, од каде во жолт шампионски дрес се појави најдобриот велосипедист на светот.
Толпата го скандираа неговото име.
𝑨 𝒉𝒐𝒎𝒆𝒄𝒐𝒎𝒊𝒏𝒈 𝒇𝒊𝒕 𝒇𝒐𝒓 𝒂 𝒄𝒉𝒂𝒎𝒑𝒊𝒐𝒏!
A huge crowd welcomes Jonas Vingegaard back to Denmark 💛🇩🇰
(via @JumboVismaRoad)#TDF2023 pic.twitter.com/iLD4812VC2
— Eurosport (@eurosport) July 26, 2023