Во најновата епизода на поткаст ЗРАК со д-р Марина Вукашниовиќ, се разговараше за дијабетот, болест позната и како „тивок убиец“.
Во емисијата, д-р Билјана Тодорова, ендокринилог, ги опиша симптомите на различните видови дијабет и укажа на низа механизми за одржување на нивото на гликоза во крвта на нормалното ниво.
„Препораките се минимум три пати неделно по 60 минути физичка активност. Тоа е минимум и тоа треба да биде распоредено, дали пливање, дали пешачење, трчање, играње фудбал, кој што преферира. Физичката активност значи подобро искористување на глукозата, превенција од дебелеење и настанување на обезност кај пациентите. Пациентите кои се со тип еден со тип два дејабетес, кои примаат инслулини имаат склоност за добивање на тежина. Внимавање на исхраната и соодветна физичка активност се од есенцијална важност за добивање резултати и успешен третман“ рече таа.
Тодорова истакна дека оваа болест има скриени симпотоми, но и дека напаѓа друго органи во човечкото тело, па се случува дијабетот да биде откриен дури откако болеста ќе нападне друг орган.
„Многу често се јавуваат со бубрежни компликации или офтамолошки проблеми и откако тие ќе се појават, тогаш за првпат се откриваат пациенти кои имаат дијабетес“ рече таа, додавајќи дека треба поефикасно да се работи на примарна превенција.