Утрински Весник
Македонија

(Видео) Д-р Божиновски во поткаст Зрак: Ова се првите знаци на деменција

Whatsapp Image 2025 02 16 At 18.53.07 D18a8b67.jpg

Во најновата епизода на поткаст ЗРАК со д-р Марина, спец д-р Јован Божиновски од Клиниката за неврологија ги објасни првите знаци на деменција кај луѓето.

„Првите знаци на деменција се заборавање на скорешни настани, понатаму отежната ориентација во простор, решавањето на одредени едноставни задачи веќе претставува проблем кај таквите пациенти. Тука се надоврзува и една депресивна симптомтологија, бидејќи нели не можат да ги извршуваат секојдневните обврски. Има повеќе видови на до деменција. Најчестиот тип околу 70 до 80 проценти и најпознатиот тип на деменција е Алцхајмеровата деменција“ вели тој.


Божиновски апелираше до сите пациенти кои имаат такви когнитивни потешкотии да се јават на клиниката за неврологија за соодветно да бидат и дијагностицирани и лекувани.

Можете да прочитате

Мицкоски: Нема да дозволиме не пазарно однесување на ланците на маркети

Осум случаи на семејно насилство пријавени во последното деноноќие

Ковачевски до Хоџа: Колку од европскиот заем е реализиран во општините и кои се пеналите за доцнење?