Рускиот претседател Владимир Путин денеска присуствуваше на третиот по ред пленарен форум на Агенцијата за стратешки иницијативи насловен „Силни идеи за новото време“.
Путин истакна дека економската независност на земјата е еден од приоритетите и дека мора да се посвети внимание на поддршката на домашните брендови, кои имаат голем потенцијал и можат да станат широко признати. Воедно нагласи дека новото време е веќе пристигнато и дека не станува збор за иднината.
Претседателот на Русија пред презентацијата ја посети изложбата при што имаше можност лично да се запознае со нови интересни производи од домашно производство.
По тој повод, откако го потсетија дека пред десет години на една од интерактивните табли ја нацртал сега веќе добро познатата мачка со „поглед одзади“, Путин и денеска на една од нив нацрта лице на насмеан човек, пишува RT.rs.
Руската новинска агенција ТАСС го сподели видеото на интернет.
Any psychologists here? What is the meaning behind these drawings? pic.twitter.com/qDV5mQ6a7a
— Saint Javelin (@saintjavelin) June 29, 2023
Интернетот, се разбира, се разбранува.
Сликата што ја нацртал Путин можеби ги навестува неговите навики за гледање телевизија, бидејќи корисниците на социјалните мрежи забележале дека нацртаниот лик наликува на познатиот цртан лик „Сунѓерот Боб“. По ова следеа бројни коментари на социјалните мрежи од луѓе кои тврдат дека ова е „доказ“ дека рускиот претседател е обожавател на цртаниот лик „Сунѓерот Боб“.
„Има ли тука психолози?“, праша еден корисник на социјалната мрежа Твитер.
„И може ли некој да го сфати значењето на овие цртежи?“, праша друг.
Засега, меѓутоа, нема објаснување што сакал да каже Владимир Путин, ниту каква порака сакал да испрати со овој мистериозен цртеж.