Утрински Весник
Македонија

(Видео) Црквата не ќе може да проповеда вера ако се донесат законите за родова еднаквост и матична евиденција, смета епископот Јаков и го повика народот на протест

(Видео) Црквата не ќе може да проповеда вера ако се донесат законите за родова еднаквост и матична евиденција, смета епископот Јаков и го повика народот на протест
Dik 300x250 mk

Епископот Јаков Стобиски одново повика на протест, кој ќе се одржи утре пред Соборниот храм. Тој посочи дека причината се двата закона – едниот за матична евиденција, другиот за родова еднаквост. На црквата ѝ пречи контекстот што му се дава на поимот род, како и тоа што еден од законите предвидува промена на ознака за пол со изјава. Епископот се огради од евентуален говор на омраза и скандирање. Според него, диктатура е на сметка за остварување нечии права да се остваруваат правата на другите.

dobivaj vesti na viber

„Светиот синод на МПЦ-ОА организира сенароден собир, каде што искажуваме протест против нешто со кое не се согласуваме, особено ние како сериозни фактори на нашето општество. Бараме повлекување на двата закона, од кои едниот е веќе во Собранието – а тоа е законот за измена во матичната евиденција, а вториот е предлог-законот за родова еднаквост, кој се подготвува да влезе. И покрај забелешките за содржината на двата закона, како црква имаме впечаток дека се инсистира да се продолжи постапката и тие да станат официјални во нашето општество со својата содржина. Овој собир не е против никого, туку против содржината на овие закони“, изјави епископот.

Тој го повика народот на присуство. Посочи дека предлог-законите ќе ја ограничат слободата на говор.

„Изразот на црквата, протестниот рефлекс на црквата, погрешно се интерпретира во јавноста. Црвката е многу повеќе од институција, тоа е жив организам, заедница која има вредносен систем. И тој систем е апсолутен контраст, спротивен на тоа што ни го нудат и она што сакаат да го донесат двата предлог-закона. Овие закони сериозно ќе го загрозат нашето право на вероисповед, да ја проповедаме верата. Не само што ќе се редефинира целото општество туку ќе се ограничи и слободата на говор со членот кој се однесува на родово сензитивниот јазик“, додаде епископот.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!