Утрински Весник
Македонија

(Видео) Чаирската улица „Војдан Чернодрински“ преименувана во „Хоџа Атаула Куртиши“

(Видео) Чаирската улица „Војдан Чернодрински“ преименувана во „Хоџа Атаула Куртиши“
Dik 300x250 mk

Со организација на свечен настан, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, прослави за преименувањето на улица во Чаир. Тој им соопшти на граѓаните дека сите кои минувале низ улицата именувана по македонскиот писател, патриот и револуционер Војдан Чернодрински, сега, ќе минуваат по улицата именувана по албанскиот деец Хоџа Атаула Куртиши. На церемонијата во Чаир, Ганиу го симна платното со што свечено го означи преименувањето на улицата.

dobivaj vesti na viber

„Денеска му оддадовме почит на Хоџа Атаула Куртиши, улица именувана по големиот верски и национален албански деец и на Академијата за неговиот живот и дело. Трагите на Хоџа Атаула Куртиш заслужуваат да останат неизбришливи и наследени од генерација на генерација. Бидејќи овој човек многу придонесе за секој од нас, тој придонесе за нашата национална кауза, спречувајќи ги Албанците од овие земји да ги напуштат своите домови и да заминат во странство за време на југословенското кралство, да шират знаење и да го шират зборот за патриотизам. Оние кои поминуваа низ улицата ‘Војдан Чернодрински’ отсега ќе минуваат низ улицата ‘Хоџе Атаулах Куртиши’, која се наоѓа многу блиску до семејното огниште на нашиот чесен научник“, напиша Ганиу.

Од церемонијата, градоначалникот објави и снимка на која се гледа како со аплаузи е поздравено преименувањето.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!