Утрински Весник
Спорт

(Видео) Бундеслигашко гол-шоу – Леверкузен го доби Лајпциг во дербито

(Видео) Бундеслигашко гол-шоу – Леверкузен го доби Лајпциг во дербито

Првото коло во германската Бундеслига ни донесе многу неизвесни дуели, многу голови и интересни ситуации, а во најважниот меч, Баер Леверкузен на Чаби Алонсо со 3:2 го совлада РБ Лајпциг, освојувачот на германскиот куп и суперкуп.

dobivaj vesti na viber

Жереми Фримпонг ги донесе „фармацевтите“ во водство во 24. минута, за Џонатан Тах да го удвои водството во 35. минута. Лајпциг се вратија во игра со голот на Дани Олмо четири минути подоцна, за во 64. минута Флоријан Вирц пак да зголеми на 3:1. Лоис Опенда намали на 3:2 во 71. минута, но поените останаа на „Баер арената“.

Лудо беше и на дуелот помеѓу Аугзбург и Борусија Менхенгладбах, кој заврши 4:4. Менхенгладбах имаше 0:2 предност по 27. минути игра, за до крајот на полувремето да биде 3:3. Аугзбург беа на чекор до победата со голот на Варгас во 76. минута, за ремито да го обезбеди Томаш Чванчара со гол од пенал во 94. минута.

БУНДЕСЛИГА, 1.КОЛО
Аугзбург – Борусија Менхенгладбах 4:4
Баер Леверкузен – РБ Лајпциг 3:2
Хофенхaјм – Фрајбург 1:2
Штутгарт – Бохум 5:0
Волфсбург – Хајденхајм 2:0

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина