Утрински Весник
Скопје

(Видео) Булеварите во Скопје кој од кој пооштетен

Bulevariskop E.jpg

Стотици илјади автомобили секојдневно минуваат низ скопските улици и булевари, а патната инфраструктура е далеку од завидно ниво.

Коловози со дупки, крпеници, вдлабнатини, често пати и неосветлени е секојдневието на возачите низ Скопје.

Најфреквентните булевари се и најоштетени.

Еден од нив е булеварот „Партизански одреди“ бучевар кој низ речиси целата должина (од Влае па се до Соборниот храм) е со вдлабнатини и искривувања првата лента по која најчесто возат автобусите.

Ништо подобар не е ниту булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ (оној од Народна Банка до Железничка станица).

Нерамнини, дупки, пропаднати шахти има и на булеварите „Митрополит Теодосиј Гологанов“ „Александар Македонски“ „Јане Сандански“…

Од главните артерии во градот во добра состојба се уште се „Трета Македонска Бригада“ „Илинденска“ како булеварите „Словенија“ и „Босна и Херцеговина“.

Но ваквата очајна состојба на најважните сообраќајници во главниот град очигледно не ги загрижува надлежните во Град Скопје.

Ова лето (период кога треба да има офанзива) не е реконструиран ниту метар од некој булевар во Скопје.

24инфо.мк се обрати до службите во Град Скопје за информација за тоа колку булевари и главни улици се реконструирани во овој период, но оттаму до овој момент се уште немаме одговор.

И додека Град Скопје молчи граѓаните на Скопје, туристите, оние кои транзитираат низ градот продолжуваат да возат по лоши, небезбедни улици и булевари кои не доликуваат на град што себеси се смета за метропола.

Можете да прочитате

Пуштање во употреба на пешачката и велосипедската патека Матка – Шишево

Без струја дел од потрошувачите во општините Гази Баба и Аеродром

Николоски: Автобусите за ЈСП ќе се плаќаат на осум рати во четири години