Утрински Весник
Магазин

(Видео) Брус Вилис дува свеќички на својот роденден

(Видео) Брус Вилис дува свеќички на својот роденден

Холивудската ѕвезда Брус Вилис го прослави својот 68. роденден во семејна атмосфера.

dobivaj vesti na viber

Поранешната сопруга на Брус, Деми Мур, на „Твитер“ објави видео од прославата.

Брус изгледа среќно додека ја слуша роденденската песна Happy Birthday, a на крај дува и свеќички.

Видеото ги загрижи некои од фановите на актерот кои забележале дека Брус делува нестабилно на нозе и дека се гледаат трагите од тешката болест со која се бори.

И сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг, објави емотивно видео по повод роденденот.

„Тој е љубов што се движи. Сите го сакаат. И јас секогаш ќе го сакам. Среќен роденден на мојот омилен. Мојата желба за Брус е сите да ги испратите вашите молитви и добри вибрации бидејќи тој е чувствителна душа и ќе го почувствува тоа. Ви благодарам на сите за вашата грижа,“ напиша Ема во описот на видеото.

На фановите, исто како и семејството на Вилис, им е тешко што на актерот му беше дијагностицирана деменција и дека болеста напредува прилично брзо, а многумина под објавата на Ема напишаа дека ова видео ги расплака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emma Heming Willis (@emmahemingwillis)

Таа објави компилација од видеа и спомени, каде што може да се види како Брус си игра со своите ќерки, како разменува нежности со Ема и како тие двајца добро се забавуваат на одмор.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста