Португалија ја победи Босна и Херцеговина со 3:0, во натпреварот од третото коло од групата Ј во квалификациите за Европското првенство.
Стрелци за победата беа Бернардо Силва во 44. односно Бруно Фернандеш во 77. и 93. минута од натпреварот. Според прикажаното Босанците не заслужија толку убедлив пораз.
Во рамките на истата група, Словачка беше подобра од Исланд со резултат 2:1.
Словаците поведоа преку Куцка во 27. минута, за да израмни Финбогасон од пенал во 41. минута. Гол вреден три бода во Рејкјавик постигна Суслов во 70. минута.
Португалија води во групата со девет бода, Словачка има седум, три повеќе од Луксембург и четири повеќе од БиХ и Исланд.
Лихтенштајн е на дното во групата без бодови.
Во Ф групата, Белгија ремизираше 1:1 против Австрија во Брисел.
Гостите го изненадија фаворитот кога поведоа во 22. минута со авто голот на Мангала.
Вториот дел од натпреварот донесе уште поголем притисок од Белгијците, што резултираше со гол на Лукаку во 61. минута, но „црвените ѓаволи“ не можеа повеќе од тоа.
Во А груата Грузија оствари голема победа на Кипар (2:1).
Гостите поведоа во 31. минута кога Јоргос Микаутадзе, а Кипар израмни девет минути подоцна преку Питас од пенал.
Давиташвили им донесе победа на Грузијците во 84. минута.
Во Е групата Чешка счавеше на Фраските острови со 3:0.
По првите 45 минути, избраниците на Јарослав Шилхави водеа со два гола благодарение на Крејчи во 15. минута и Черно во 44. минута.
Черни го постави конечниот резултат со својот втор гол во 75. минута.
Во рамките на истата група, Албанија славеше во Тирана против Молдавија со резултат 2:0.
Головите за Албанија ги постигнаа Асани во 52. минута и Бајрами во 76. минута од натпреварот.