Утрински Весник
Магазин

(Видео) Британец научил од „Јутјуб“ и сам ја реновирал куќата, тврди дека заштедил 40.000 евра

(Видео) Британец научил од „Јутјуб“ и сам ја реновирал куќата, тврди дека заштедил 40.000 евра

Експертот за маркетинг Скот Багали од Англија сам си ја реновирал куќата и тврди дека во тој процес заштедил 40.000 евра, пишува „Дејли мејл“. Работите траеле шест месеци, а Скот вели дека научил сè од видеоинструкциите на „Јутјуб“.

dobivaj vesti na viber

„Бидејќи сите градежни работници беа зафатени, почнав да учам за градежништвото на ‘Јутјуб’ и така ги добив вештините. Кога почнав да го обновувам покривот, на почетокот беше исклучително тешко. Се плашев да се качам на покривот бидејќи не знаев што правам“, вели 30-годишниот Скот, кој исто така ги покани градежните инспектори да се уверат дека она што го прави е во согласност со законот.

Најголемиот проблем настанал кога случајно го пробил бетонот и удрил во оловна цевка поради што морал да прекине со работата и да го поправи целиот систем.

„Комбинирањето на канцелариската работа, која ја работам секој ден од 9 до 5 ч, и обврските што доаѓаат со раѓањето на мојот син со изградбата на оваа куќа беше најтешката работа во овој процес“, рече тој.

Тврди дека на крајот потрошил 12.000 евра за реновирање на куќата.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста