Утрински Весник
Свет

(Видео) Брачен пар од Калифорнија преживеа пад во кањон длабок 90 метри

(Видео) Брачен пар од Калифорнија преживеа пад во кањон длабок 90 метри
Dik 300x250 mk

Двајца млади луѓе преживеале откако нивниот автомобил излетал од автопат во Калифорнија и паднал преку карпа во кањон длабок 90 метри.

dobivaj vesti na viber

Клои Филдс и нејзиното момче Кристијан Зелада уживаа во лежерно планинско возење во близина на нивниот дом во Глендејл кога Зелада застанал за да пропушти друг автомобил. Но за неколку секунди нивниот автомобил излетал на патеката со чакал и се урнал од карпа покрај автопатот Анџелес Форест, пренесоа американските медиуми, пренесува Танјуг.

Сè што можевме да видиме беа дрвја, нечистотија и чад. Удиравме во дрвја. Потоа почувствувавме вртење и се најдовме наопаку“, изјави Филдс во интервју за магазинот „People“.

Нивниот автомобил слетал на покривот откако паднал на речиси 90 метри во кањонот Манки, но тие поминале само со гребнатини.

„Мојата прва мисла беше каде е мојот мобилен телефон“, рече Филдс. Токму нејзиниот мобилен телефон користел нова технологија за автоматско откривање на судири и испраќање SOS повик преку сателит до Центарот за итни случаи на „Apple“, кој брзо ги известил службениците за несреќата и нејзината локација.

Во рок од половина час, претставниците на округот Лос Анџелес успеаја да ги спасат Филдс и Зелада. Хеликоптер на Канцеларијата за специјални интервенции беше искористен за да се стигне до местото на несреќата длабоко во кањонот.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот