Утрински Весник
Македонија

(Видео) „Бомбашите“ испратија нови закани: Се празнат ГТЦ, „Ист Гејт“, „Сити мол“

(Видео) „Бомбашите“ испратија нови закани: Се празнат ГТЦ, „Ист Гејт“, „Сити мол“

Најмалку два трговски центри се мета на денешните закани за бомби. Градскиот трговски центар се празни, а овојпат, нема паника за разлика од претходните закани кои стигаа по пат на е-маил. Обезбедувањето ги предупредува граѓаните дека мора да го напуштат објектот, додека тие, мирно и без брзање го напуштаат трговскиот центар.

dobivaj vesti na viber

„Денеска околу 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.

Слична ситуација има и во „Ист гејт“, каде се празнеа дуќаните од страна на припадници на МВР и обезбедувањето.

Од МВР засега нема детали за пријавите. Оттаму имаат испратено екипи на терен кои преземаат антитерористички проверки. По нив, ќе известат за состојбата.

Закани за бомби имаше и вчера во 47 училишта.

Можете да прочитате

Тактичко-технички активности на АРМ во близина на Езерската полиција во Охрид

ИНРМ: Трасата на брзата пруга да не поминува низ просторот резервиран за реализација на проектот „Вардарска долина“

Влада: Телефонскиот број 070/355-526 е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација за повредените