Бомба експлодира во полициско комбе во југоисточна Турција, при што се повредени 9 лица. Се се случило во близина на градот Дијарбекир, а две лица се уапсени.
Бомбата била поставена во паркирано возило во близина на пазарот каде се продава добиток. Осум полицајци и еден цивил превентивно се пренесени во болниците, но не се во тешка состојба.
Во моментов никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Diyarbakır – Mardin yolunda çevik kuvvet polisini taşıyan servis aracına bombalı saldırı. pic.twitter.com/3nubO5qc7G
— FOX HABER (@FOXhaber) December 16, 2022
Минатиот месец во експлозија на бомба на улица во Истанбул загинаа 6 лица, меѓу кои и две деца. Повеќе од 80 луѓе се ранети.
Турција ги обвини Курдите за нападот, а курдските милитантни групи негираа вмешаност, пренесе Индекс.хр.