Утрински Весник
Македонија

(Видео) Бесел: Откако самата призна, ДКСК да го истражи скандалот со Стаменковска во општина Гази Баба

(Видео) Бесел: Откако самата призна, ДКСК да го истражи скандалот со Стаменковска во општина Гази Баба
Dik 300x250 mk

Секретарот на општина Гази Баба, Невенка Стаменковска Стојковски вчера призна дека имала потпишано договор за дело со општината каде е вработена, вели Берат Бесел, советник во советот на Општина Гази Баба.

dobivaj vesti na viber

За тој договор, додава тој, Стаменковска како давател на услуги добивала хонорар од исто место од каде добива плата.


„По ваквото признание на ред се да постапат надлежните институции. Ја повикуваме Државната комисија за спречување корупција да постапи и да го истражи овој случај“, истакна Бесел.

Ова, според него, е уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, дека оваа партија освен за грабање на парите на граѓаните, не знае ништо друго.

Можете да прочитате

Aртилериска граната од Првата светска војна откриена во Битолско

Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ

Обиена филијала на Бит Пазар, украден сеф со пари