Утрински Весник
Спорт

(Видео) Белоти ги помишти проектилите на ветеранот Кандрева

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Фудбалерите на Рома на отворањето на новата сезона, ремизираа 2:2 на домашен терен со Салернитана.

„Волчицата“ одлично го започна натпреварот, Андреа Белоти погоди во осмата минута, но тој гол беше поништен поради офсајд.

Девет минути подоцна повторно во главна улога беше напаѓачот на Рома, доби добра топка и рутински го совлада Мексиканецот Очоа.

Потоа на сцената на „Олимпико“ стапи ветеранот Антонио Кандрева. Поранешниот играч на лацио со два гола го режираше пресвртот. Постигна два гола, првиот во 36., а вториот во 49.минута беше спектакуларен.

Рома се мачеше до 82. минута кога Белоти со својот втор гол ги постави конечните 2:2.

На овој натпревар официјално деби гза Рома го имаа Хусем Ауар, Ренато Санчез и Леандро Паредес.



Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига