Утрински Весник
Македонија

(Видео) Бектеши се скара со новинари, тие му вратија: Вашите коментари се крајно безобразни

(Видео) Бектеши се скара со новинари, тие му вратија: Вашите коментари се крајно безобразни
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за економија, Крешник Бектеши, одново се скара со новинарите во прес-центарот на Владата. Овојпат, тоа го направи пред министерот за млади и спорт на Република Турција Мехмет Муарем Касапоглу. Кога новинарка од „Канал 5“ постави прашање околу цените на гасот, Бектеши наместо одговор искоментира: „Добра соработка имате со колегите, ви ги даваат нивните прашања што сакаат да ги постават…“

dobivaj vesti na viber

На ова реагираше новинарот од „Телма“, кој му посочи на минситерот: „Со оглед дека на секоја прес-конференција алудирате дека прашањата што ги очекувате од мене или мојата колешка ги поставуваат други колеги, време е да престанете бидејќи е крајно безобразно и вашите коментари се крајно безобразни, не се на место. И да имаме соработка, тоа наша работа, како што вие имате соработка со Ковачевски и тоа е ваша работа“.

На ова возврати и министерот кому му пречеше забелешката.

„Во тоа што одговараме ние, таа одговорност е наша. Вие не сте повикани да давате коментари, да поставувате прашање. Ако мислите дека на прес-центарот можете да му давате коментари, тоа можете во вашите емисии. И вие лично и вашите колеги….“, кажа Бектеши.

Ова не е првпат Бектеши да покаже нетрпеливост кон новинари. Во време на пандемија, за време на прес-конференција, тој коментираше професионалност на новинарка, која исто така доаѓаше од телевизиската куќа „Телма“.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари