Утрински Весник
Спорт

(Видео) Бецеки со победа на хаотичната трка број 1.000 во Мото ГП шампионатот

(Видео) Бецеки со победа на хаотичната трка број 1.000 во Мото ГП шампионатот

„Наследникот“ на Валентино Роси, Марио Бецеки е победник на Француското ГП, 1.000-та трка во Мото ГП шампионатот, избегнувајќи го хаосот зад него со голем број на падови на трката во Ле Ман. Бецеки на крајот на трката беше далеку пред Шпанецот Хорхе Мартин и Жоан Зарко.

dobivaj vesti na viber

Трката беше одбележана со инцидентот кој се случи веднаш на стартот, кога актуелниот шампион и лидер во генерален пласман, Франческо „Пеко“ Бањаја (Дукати) се судри со Маверик Вињалес (Априлија). Освојувачот на пол-позицијата, Бањаја го загуби првото место од повратникот, шесткратниот шампион Марк Маркез и од Џек Милер, но Бецеки ја искористи битката меѓу нив за да избие на првото место.

По судирот на Бањаја и Вињалес, двајцата се расправаа на патеката, пред заедно да заминат во боксот, а неполна минута подоцна во аут беа и Лука Марини и Алекс Маркез во уште поризичен судир. На врвот, Бецеки и Марк Маркез беа вклучени во битка за првоот место, и Бецеки го помина Маркез, пред да му биде наредено да ја врати позицијата поради излегување надвор од патеката. Но, на два круга пред крајот, Маркез исто така излета, препуштајќи му ја победата на Бецеки.

Со 25-те поени за победа, Бецеки стигнува до 93 поени, само еден помалку од лидерот во генерален пласман, Бањаја

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина