Утрински Весник
Македонија

(Видео) Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одложено дејство на уставните измени е нереално, вели Пендаровски

(Видео) Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одложено дејство на уставните измени е нереално, вели Пендаровски

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ уставните измени да се донесат, но да бидат со одложено дејство и да важат откако Македонија ќе стане членка на ЕУ, според претседателот Стево Пендаровски е аплосутно нереално. Тој вели дека и тој би сакал такво нешто, но дека заклучоците на Советот на Европа се кристално јасни – „Морате да направите уставни промени до крајот на скрининг процесот за да продолжите со втората конференција и отворањето на кластерите“ објасни Пендаровски.

dobivaj vesti na viber

„Во тие заклучоци е вграден и ставот на Бугарија“, вели Пендаровски.

„Треба да имаме нови заклучоци на Советот на Европа, а знаете колку е тешко тоа, за да биде можно да ги усвоиме уставните измени со одложено дејство. Тоа е нереално. Се надевам дека тоа не се користи како изговор за да не се влезе во уставните промени. Бев изненаден кога чув дека главната опозициска партија е подготвена да биде дел од Владата со пет ресори и да гласа од позиција на владејачка партија. За уставни промени може да гласате и од позиција на опозиција – рече Пендаровски.

Тој вели дека Македонија нема да успее да ги направи промените на уставот до почнување на настанот Брдо-Бриони, кој годинава се одржува во Македонија.

Можете да прочитате

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Викендов повторно над 40 степени, во недела (6 јули) локално силно невреме 

ДОМ: Данок за немажени и неженети е спротивен на Уставот и даночната правда