Утрински Весник
Спорт

(Видео) Баер слави прва шампионска титула

224369 Navivachite Na Baer Vtrchaa Na Teren Da Go Slavat Istoriskiot Uspeh Video.jpg

Баер Леверкузен за првпат во клупската историја слави шампионска титула во фудбалската Бундеслига, откако на пет кола пред крајот на сезоната го декласира Вердер Бремен (5:0) и теоретски го обезбеди првото место. Избраниците натренрото Чаби Алонсо направија недостижни 17 бода предност пред бранителот на трофејот Баерн Минхен, чија 11 годишна доминација во германскиот фудбал ја прекина Баер. Навивачите на „фармацевтите“ беа нетрпеливи да втрчаат на теренот во завршницата од мечот, откако стана јасно дека Баер ќе ги освои бодовите и ќе се круниса за шампион, но конечно дочекаа и илјадници фанови влегоа на тревникот.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига