Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Автобус со мигранти во Мексико падна во провалија длабока 40 метри, 18 мртви

(Видео) Автобус со мигранти во Мексико падна во провалија длабока 40 метри, 18 мртви
Img 7972

Најмалку 18 лица загинаа, а 23 се повредени во автобуска несреќа во западно Мексико, при превоз на Мексиканци и мигранти на северот на земјата, соопштија властите.

dobivaj vesti na viber

„Вкупниот број на загинати во несреќата е 18, од кои тројца се малолетни и 15 возрасни“, соопшти полицијата во државата Најарит, додавајќи дека несреќата се случила околу 3 часот по полноќ кога автобусот што сообраќал од Мексико за Тихуана паднал во бездната, кај границата со САД.

„Повеќето од патниците беа странци од земји како Индија, Доминиканската Република и од африканскиот континент“, соопштија властите, истакнувајќи дека некои патувале во Тихуана за да се обидат да преминат во САД.

Според пријавата, возачот на автобусот ја надминал дозволената брзина и изгубил контрола над возилото кое паднало во провалија длабока 40 метри покрај патот.

Илјадници мигранти минуваат низ Мексико на пат кон северната граница на земјата за да побараат азил во САД или да се обидат да влезат без виза. Бројни мигранти патуваат илегално, скриени во камиони во нехумани услови. Во декември 2021 година, 50 мигранти загинаа во камионска несреќа во Чиапас, јужно Мексико. Повеќето од нив беа од Централна Америка (Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор).

Можете да прочитате

За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати

Грета Тунберг „влечена по земја“ и „принудена да го бакне израелското знаме“ – сведоштва на активисти по акцијата во Газа

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје