Утрински Весник
Свет

(Видео) Авиони се судрија над Флорида, четири лица загинаа

(Видео) Авиони се судрија над Флорида, четири лица загинаа

Четири лица загинаа во судир на два мали авиона за време на лет над Флорида.

dobivaj vesti na viber

Авионите се урнаа во езерото Хартриџ во Винтер Хевен. Службите за итни случаи и спасувачите излегле на местото на настанот и пронашле еден авион на приближно шест метри под површината на езерото, а другиот бил делумно потопен.

„Се судрија во воздух, двата авиона веднаш паднаа во водата. Спасувачите ги извлекле телата на четири лица, кои биле во авионите“, изјави Стив Лестер од канцеларијата на шерифот на округот Полк, пренесува „Ен-би-си њуз“.

Полицијата го објави идентитетот на три од четирите жртви: Фејт Ајрин Бејкер (24), Захари Џин Мејс (19) и Рандал Елберт Крафорд. Се утврдува идентитетот на четвртото починато лице.

Вчера, два мали авиона се судрија недалеку од Рим во Италија, при што загинаа и двајцата пилоти.

Можете да прочитате

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро