Утрински Весник
Македонија

(Видео) Авион не може да слета во Охрид – повеќе од пет круга кружи над градот

(Видео) Авион не може да слета во Охрид – повеќе од пет круга кружи над градот

Авион од компанијата „Визер“ кој патува од Малме, Шведска, не може да слета на охридскиот аеродром. Причината е силното невреме кое го погоди градот. Авионот кружеше околу границата Албанија-Македонија, потоа и над Струга.

dobivaj vesti na viber

Имаше и обид за слетување, но наместо тоа, пилотот помина само преку аеродромот „св. Петар и Павле“ во Охрид. Авинот направи круг и над селата Оровник, Горенци, Требеништа, Мислешево. Бидејќи немаше услови да слета, го надлетуваше и Охридското Езеро.

Планирано време за слетување било во 11 часот.

Можете да прочитате

Трендафилов: Поради егото на поединци во Владата, работниците останаа без зголемување на платата

Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Украденото мора да се врати кај народот