Продолжението на „Аватар“ доминира на светските топ-листи долго откога почна да се прикажува во киносалите, заработи неверојатни 2,3 милијарди долари и се проби на третото место на филмови со најголема заработка на сите времиња.
Меѓутоа, заработката е една работа, а профитот е нешто сосема друго. Според „Дедлајн“, режисерот Џејмс Камерон не профитирал од „Аватар: патот на водата“ (Avatar: The Way of Water) заработувајќи помалку од една четвртина од вкупната заработка. Филмот оствари добивка од само 531,7 милион долари, а причина се огромните трошоци за снимање.
Продукцијата на филмот чинеше 400 милиони долари, околу 300 милиони долари отидоа за платите на актерите, а трошоците за маркетинг беа околу 175 милиони долари. Кога ќе се додадат и другите трошоци, „Аватар 2“ ја достигнува погоре споменатата бројка од 531,7 милион долари профит.
Веста за слабиот профит се прошири на социјалните мрежи, а луѓето беа прилично изненадени од ваквиот исход. „Зарем само толку заработиле? Со оглед на сè што вложија, требаше да заработат барем милијарда“, гласеа десетици твитови.
„Ова не е баш бројка за пофалба“, „Дури на крајот од серијалот, кога ќе ги снимат сите продолженија, ќе заработат само 2-4 милијарди“, коментираа корисници на „Твитер“.
Инаку, Камерон најави три нови филма „Аватар“, кои ќе излезат во 2024, 2026 и во 2028 година.