Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ свесно ја оставаат Универзална сала да пропаѓа, вели Шутаров

(Видео) Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ свесно ја оставаат Универзална сала да пропаѓа,  вели Шутаров

Една и пол година проектот за реализација на Универзалната сала е намерно стопиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ, мнозинството во Советот на Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, истакнува на денешната прес-конференција Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Советничка група на СДСМ, додава тој, достави Иницијатива за времено отстапување на правото на користење на Универзалната Сала од Градот Скопје на Владата и Министерството за култура, со цел да се доврши реконструкцијата.

„Кога веќе Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не се способни да го довршат овој проект, Владата покажа интерес да ја заврши реконструкцијата и потоа објектот повторно да му го врати на Град Скопје. За жал, за ВМРО-ДПМНЕ и овој пат политиката беше пред интересите на граѓаните, па мнозинството во Советот не дозволи тоа да се случи.

Мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ не гласаше ниту за донација на 100 преносни компјутери на Градската Библиотека “Браќа Миладиновци”- Скопје, ниту пак за субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клими,велосипеди и електрични тротинети. Ова е политиката на ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството во Советот на Градот Скопје.Заглавени проекти, сообраќаен хаос и негрижа за интересите и потребите на граѓаните. Тоа е резултатот на Арсовска, градоначалничката за која лично Христијан Мицкоски бараше гласови и лобираше кај граѓаните, претставувајќи ја како успешна менаџерка“, додава Шутаров.

Оценува дека срамен и скандалозен е односот на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска кон градот и кон неговите граѓани.

Универзална сала, како што вели, е важен објект за Скопје со кој израснале десетици генерации, објект симбол на солидарноста кој сега пропаѓа само затоа што Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ овој проект свесно не сакаат да го довршат.

„Една и пол година Скопје тоне во безидејност и нема нови проекти а не се реализираат ниту наследените“, реагира Шутаров.

Можете да прочитате

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри