Утрински Весник
Спорт

(Видео) Арсенал го освои „Сент Џејмс парк“

(Видео) Арсенал го освои „Сент Џејмс парк“

Иако многумина веќе ги отпишаа од борбата за титулата, Арсенал со импресивна 2:0 победа на гостувањето кај Њукасл покажаа дека не се предаваат до крајот.

dobivaj vesti na viber

Во борба на второпласираниот и третопласираниот клуб на табелата, „топчиите“ стигнаа до водство во 14. минута со одличниот гол на капитенот Мартин Одегард, а откако и домаќините пропуштија доста шанси, во 72. минута, по една акција на Габриел Мартинели, Фабијан Шер си ја смести топката во сопствената мрежа за 2:0.

Победата ги доближува Арсенал на еден поен од Манчестер сити (82-81), но тимот на Пеп Гвардиола има натпревар помалку. Њукасл остануваат трети со 65 поени, два повеќе од Манчестер јунајтед (со натпревар помалку) и три пред Ливерпул (кои пак, имаат натпревар повеќе).

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина