Утрински Весник
Македонија

(Видео) Апасиев до Мицкоски: Се надевам не сте поднапиен

Image 9.png

„Вашата фрустрација од тоа што сте татино синче и асистенче што Ве буткале цел живот, си ја извадивте на говорница. Се надевав дека ќе го задржите нивото, но гледам дека сакате „ад хоминем“. Нашиот левичарски карактер е да ги презираме преварантите како вас“, му порача на Христијан Мицкоски од собраниската говорница лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Апасиев изрази незадоволство од одговорите на премиерот Христијан Мицкоски на прашањата зошто ВМРО-ДПМНЕ врши законски измени со кои зборот Република Македонија го менува со „Република Северна Македонија“ какво што е новото уставно име на државата.

„Кога веќе сакавте кукавички да си ја извадите вашата фрустрација, се надевам не сте поднапиен во овој момент, сакам дополнително да ве прашам: Како со обична професорска плата стигнавте до саат од 60 илјади евра, којшто кошта колку станот во којшто јас живеам?
И дали е вистина дека планирате вашата сестра да ја вработите како доцентка на УГД, на Фармацевскиот факултет?

Како успеавте со ваков вичен и правичен адвокат до Вас да го изгубите спорот со Левица? Јас ја разбирам вашата фрустрација од тоа што не можете како за СДС, да извадите и за нас дека сме имале фирми во Сингапур, ваму, таму и сега ќе ни кажувате, одел Апасиев на одмор во Халкидики. Да! Оди. Оти е средна класа Апасиев не живее од хидроцентрали како тебе. Апасиев живее од професорска плата. Ништо не одговоривте. Педантно и хирушки прецизно вашата квази-патриотска бугарофилска партија го брише името Македонија, без обврска од Преспанскиот договор!“, обвини Апасиев.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила