Утрински Весник
Македонија

(Видео) Јанчева: Наместо модерно, со ДПМНЕ добивме заглавено Скопје, СДСМ против враќање на спомениците од режимот

(Видео) Јанчева: Наместо модерно, со ДПМНЕ добивме заглавено Скопје, СДСМ против враќање на спомениците од режимот

Локалната власт на ДПМНЕ и Данела Арсовска на Скопје му приредува уште една нова рециклирана катастрофа. За две години ДПМНЕ и Арсовска во Скопје немаат реализирано ниту еден проект, немаат ниту едно исполнето ветување, истакна Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Затоа, како што вели, се фатија за враќање на споменикот на Ќосето, рециклажа на проектот „Скопје 2014“ и продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската ДПМНЕ.

„Андон Јанев-Ќосето е историска маргинална, контроверзна личност. Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет.

Советничката група на СДСМ ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот. Тој не треба да биде поставен каде било, а најмалку во Скопје. Неговото место може да е само во соодветно поглавје од македонската историја, поткрепено со историски извори.

На Скопје не му треба ново споменично лудило, туку реализација на проекти и подобрување на животот на скопјани“, вели таа.

Две години од мандатот на Арсовска и ДПМНЕ како локална власт, Скопје, оценува Јанчева, уназадува буквално во секое поле.

„Наместо модерно, со ДПМНЕ скопјани добија заглавено Скопје“.

ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт во Скопје на сите времиња“, додава Јанчева.

Можете да прочитате

Живковски: Најскапиот стан во Скопје продаден за 3.070 евра квадрат

Агелер: Сто проценти сум сигурна дека се работи на уставните измени

На 20 декември во Скопје ДУИ ќе го одржи петтиот партиски конгрес